Научете да слушате и да одговарате на физичките информации. Со ставање акцент на вештините за слушање и концентрација, индивидуалното движење добива шанса да се појави и да биде истражено.
Целна група
мин. 20 луѓе постари од 13 год.
Траење на алатката
30 минути
Подготовка (Подготовка пред имплементација, потребни материјали,итн.)
Може да се имплементира внатре или надвор. Бидете сигурни дека областа за имплементација е доволно голема до големината на вашата група.
Инструкции за имплементација на алатката
Чекор по чекор имплементација:
– Вежбата се одвива во тишина
– Ги идентификуваме вештините за насетување на движењето околу вас
– Фокусирајте се на моќта на групата како целина
– Фокусирајте се на тоа како поединецот се поврзува со таа група
– Кога некој ги движи сите се движат, тоа е знак за почеток. Кога некој ќе застане, сите застануваат
– Воведуваме различни инструкции: кога некој скока, сите скокаат,… нивоа, ритам, тајминг.
Вештини – SDGs – Клучни компетенции
SDG4 – Квалитет во образованието
Сумирање / Дебрифинг / Рефлексија на крајот од имплементацијата
Оваа игра не бара никаков дебрифинг, но можете да ги прашате учесниците дали им се допадна играта и што чувствуваа кога ќе се обидат да се движат како еден.
Совети/сугестии за обучувачите за понатамоѓни имплементации
Обидете се да ја наведете групата да се движи како една и кога ќе го видите напредокот, можете да ја кажете гласно за да ги мотивирате учесниците.